Винер осигурување во првото полугодие од оваа година забележа пораст на полсирана премија од 35 проценти.
Како што објави Виена Иншуренс Груп, групацијата на која припаѓа Винер осигурување, остварила приходи од 400 милиони денари. Истовремено, профитот на компанијата, во однос на истиот период од изминатата година е зголемен, унапредени се продажните и постпродажните услуги кон клиентите и е зајакната продажната мрежа.
Од Групацијата и Винер најавуваат дека и до крајот на 2012 фокусот ќе остане на зацврстување на природниот раст, преку развивање на бизнисот со компаниите кои се дел од групацијата, што не исклучува можност за нови аквизиции за унапредување на групациската мрежа.
Според презентираните резултати на Виена Иншуренс Груп, групацијата за првото полугодие од деловната 2012 година покажуваат раст на полисираната премија за речиси 12 отсто и раст на неоданочениот профит за значајни 13,6 отсто.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.vesti.alfa.mk
Датум на објава: 30.08.2012