Се смета дека новиот трговски центар ќе биде главен мотор на економијата во градот, бидејќи ќе се отворат 2.000 работни места.
Објектот ќе биде со вупна површина од 90.000 квадратни метри “Сити мол” се отвора на 4 октомври.
Најголемиот трговски центар „Скопје сити мол” се отвора на 4 октомври. Во тек се завршните работи на објектот, со вкупна површина од 90.000 квадратни метри.
Во трговскиот е предвидено да има 150 бренда-закупци, од кои 40 се интернационални што првпат влегуваат во земјава, а некои мигрираат од другите трговски центри. Меѓу нив се „Тренд”, хипермаркетот Керфур”, „Зара”, „Воменс сикрет”, „Џовани Гаел”, германскиот синџир на продавници за козметика „ДМ”, „Армани џинс” и други. Освен продавници, ќе има барови, сендвичарници, кафулиња, ресторани, сала за куглање, центар за забава и најсовремено 3Д-кино со девет сали за проекции. Хипермаркетот „Керфур” ќе зафаќа површина од 4.650 квадратни метри. „Зара” со 2.190 квадратни метри ќе биде најголемата продавница на Балканот.
Се очекува дека трговскиот центар ќе ја стави Македонија на мапата на највозбудпиви шопинг-дестинации во регионот, а ќе биде особено атрактивен и за граѓаните од Косово, за кои инвеститорот смета дека се потенцијални купувачи, главно поради близината на магистралниот пат кон Приштина. Изградбата на објектот чини 70 милиони евра. Се смета дека „Скопје сити мол” ќе биде главен мотор на економијата во Скопје, бидејќи се планира да се отворат 2.000 работни места.
Според Ивајло Иванов, извршен директор на „Скопје сити мол”, овој шопинг-центар е токму тоа што му недостигаше на Скопје за да добие вистински изглед на современа метропола.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Нова Македонија
Дата на објавување: 13.09.2012