Подобрување на ликвидноста на домашните компании и зголемување на поддршката за извозниците – ова се клучните прашања кои Стопанската комора ќе и ги постави на Владата и на Народната банка, за стопанството полесно да се справи со рецесијата. Претседателот Азески, им порача на компаниите да продолжат да вложуваат во квалитет и конкурентност на производите. Во услови на пад на нарачките, тоа ќе им помогне да го задржат местото на европските пазари.
– Сега интерно во комората разговараме за две прашања. Прво, како да се подобрат нарушената ликвидност и второ, како да се преземат мерки да не дојде до повторно нарушување. За првиот дел – преземање на обврски по сонов на враќање на ДДВ од банките, за издавање на обврзници, кои ќе го ублажат тој проблем. Второ, да се применуваат директивите на ЕУ од јуни 2000 во кои се санкционира секакво неплаќање, неисполнување на обврските меѓу компаниите, вели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Азески вели дека засега немаат најава за сериозни нарушувања во определни индустрии. Како ќе се движи економската активност во земјава според него зависи пред се од состојбата на европскиот пазар.
При денешната посета на компаниите „Реплек фарм“, „Виталиа“ и „Дуропак Азески разговарал со нивните менџменти и за отворање на нови пазари за извоз на домашните производи кои се уште не се погодени од светската криза.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: vesti.alfa.mk
Автор: Марија Мининчиќ
Датум на објава: 19.09.2012