[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Основите на соработката меѓу „Газпром“ и Македонија беа поставени во 1991-1992 г. Историјатот кој е даден подолу го прикажува текот и развојот на оваа соработка, оттогаш до денес.
Почетна фаза, 1991-1997: изградба на гасоводна мрежа
1991: „Газпром” го потпиша договорот со „Макпетрол” А.Д. за изградба на транспортен систем за гас во Македонија.
1992: „Газпром” и „Макпетрол” потпишаа долгорочен договор за снабдување со гас.
1993-1997: Изградбата на инфраструктурата за транспорт на гасот започна во 1993 година и се реализира во 1997 година. 100 км главни и 60 км споредни гасоводни цевки, беа изградени на територијата на Македонија.
Од 1997 до денес: Извоз на гас и нови можности:
1997: Започна извозот на руски гас за Македонија.
1997-2011: До 1-ви јануари 2011 година, вкупно 1,05 милијарди кубни метри (bcm) гас се извезени за Македонија. Во 2011 „Газпром“ ја снабди земјата со 0,13 милијарди кубни метри гас.
2010: Претседателот Ѓорѓе Иванов и претседателот на Управниот одбор Алексеј Милер (Alexei Miller), потпишаа договор за приклучување на Македонија со еден крак кон гасоводoт „Јужен тек“.
2012: Меѓувладиниот договор за соработката помеѓу „Газпром“ и Македонија на проектот „Јужен тек“ е во фаза на подготовка. По спроведувањето на тендерската постапка за избор на компанија изведувач на физибилити студијата за снабдувањето на Македонија со руски гас преку Јужниот тек, во април 2012, беше избран „Giprospetsgaz“. Резултатите на физибилити студијата се очекуваат до крајот на 2012 година.
Перспективи до 2030 и понатаму: Изгледите за потрошувачката на гас во Македонија се позитивни и се предвидува тие да достигнат 2,5 милијарди кубни метри годишно по 2030 година. Предвидувањата зависат од имплементацијата на македонската национална програма за гасификација и изградбата на гасни електроцентрали.
Проектот „гасовод Јужен тек“
„Газпром“ го имплементира проектот „Јужен тек“ во насока на развивање на различни рути за снабдување на рускиот природен гас. „Јужниот тек“ е дизајниран со цел да ја зајакне европската енергетска стабилност и да ги обезбеди растечките побарувања на гас во Централна и Јужна Европа. Проектираниот капацитет на гасоводот изнесува 63 bcm (милијарди кубни метри). Гасоводната линија ќе поминува под Црното Море кон земјите од Јужна и Централна Европа. Изградбата е планирана да започне кон крајот на 2012 година. Првата линија се очекува да биде пуштена кон крајот на 2015 година.
Меѓувладините договори за имплементација на „Јужниот тек“ на копнениот дел, се потпишани со Бугарија, Србија, Унгарија, Грција, Словенија, Хрватска и Австрија. Делот на „Јужниот тек“ кој поминува под Црното Море, се развива во заедничка соработка на „Газпром“ со италијански „ENI”, германски „Wintershall“ и француски „EDF“. Вкупната должина на подморскиот дел изнесува околу 900 километри, а максималната длабочина – преку 2 километри.
Дополнителни информации за проектот „Јужен тек“ може да се пронајдат на следните линкови:
- http://gazprom.com/f/posts/85/290063/presentation.pdf
- http://gazprom.com/about/production/projects/pipelines/south-stream/
- http://south-stream.info/?L=1
Датум на објава: 26.09.2012