Кредити за Органско Производство од ПроКредит

//Кредити за Органско Производство од ПроКредит

Кредити за Органско Производство од ПроКредит

Органското производство во Македонија ќе добие банкарска поддршка. Првпат нов кредитен производ промовираше денеска  ПроКредит банка наменет директно за органските производители и органското производство.

Стевче Кузмановски, директор на Секторот за мали и средни претпријатија во ПроКредит банка, вели дека постојат повеќе причини зошто се одлучиле да го поддржат овој дел од земјоделството. Меѓу нив ги напомена заштитата на животната средина, како и тоа што во овој сектор постои потенцијал за развој.

– Заклучно со 2011 година имаше 800 производители на сертифицирани органски производители, рече Кузмановски и додаде дека нивниот нов производ е единствен кој се нуди со камата од 7 проценти и рок на отплата од 10 години доколку станува збор за основни средства и четири години рок на отплата кога станува збор за кредит за обртни средства.

Според претставникот на Федерацијата за органски производители во Македонија Тодевски Андреј истакна дека со овој производ на ПроКредит банка ќе се мотивираат повеќе земјоделци да почнат да произведуваат органски производи и да имаме широка понуда.

Тој додаде дека се уште не развиен нашито пазар и оти свеста е се уште дека овие производи може да се најдат во специјализирани продавници. Како свежи, рече, може најчесто да се купат на фарма, кои ги има низ цела територија на Македонија.

Филип Кажлевски, органски производител од Малешевијата, кој е корисник на кредит од ПроКредит банка, рече дека средствата ќе ги искористи за зголемување и обнова на насадот, како и во подобрување и зголемување на капацитетот на финалниот производ.

[custom_frame_center]Кредити за органско производство од ПроКредит - Е Вести_1348805993361[/custom_frame_center]

Превземено: www.evesti.mk

Датум на објавата: 27.09.2012

By | 2012-09-28T06:35:24+00:00 28/09/2012|Банки|