Компаниите ќе може да си ја купат подземната инфраструктура

//Компаниите ќе може да си ја купат подземната инфраструктура

Компаниите ќе може да си ја купат подземната инфраструктура

Компаниите ќе може да си ја купат подземната инфраструктураЗаконски ќе се дозволи компаниите да станат сопственици на подземните инсталации, најави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

„Со реалзацијата на проектот ќе се зголеми вредноста на компаниите, ќе постои можност да располагаат со инфраструктурата во правниот и во економскиот промет и ќе имаат алатка за обезбедување нови средства. При градењето ќе се знае каква инфраструктура има на теренот за подземните градби и ќе може да се утврди нивната точна местоположба. За инвеститорите ќе значи точна информација при планирање, безбедност при градба, помали трошоци. Одобренијата за градба ќе може да се издаваат побрзо затоа што ќе биде позната состојбата на теренот, што ќе биде од корист за граѓаните и за инвеститорите“, посочи Ѓоргиев.

Се планира по донесувањето на законот во текот на следната година Агенцијата за катастар на недвижности да воведе електронски катастар и на подземните градби. Комплетно проектот за воведување катастар на инфраструктурни градби ќе биде воведен во функција во 2013 година, по што ќе започне процесот за запишување на постојните инфраструктурни градби, што се очекува да трае неколку години. За новите градби инвеститорите ќе имаат законска обврска да ги запишат во подземниот катастар.

[custom_frame_center]Компаниите ќе може да си ја купат подземната инфраструктура[/custom_frame_center]

Извор: www.kapital.mk

Датум на објава: 28.09.2012

By | 2012-09-28T13:50:33+00:00 28/09/2012|Економија|