Битола ќе гради европски пазар

//Битола ќе гради европски пазар

Битола ќе гради европски пазар

За зафатот ЈП „Пазари” има дозвола и од Министерството за култура зашто пазариштето е старо неколку века и е под заштита, па ликот не смее да му се менува.

Пред Нова година треба да почне првата фаза од ре-конструкцијата на зелениот пазар во центарот на Битола, каде што ќе се отстранат старите тезги со азбестен покрив. Од Општина Битола велат дека нема да им пре-чат временските услови зашто ќе биде поставена монтажна конструкција. Во првата фаза зафатот ќе опфати 1.200 квадратни метри од централниот дел на пазариштето.

– Убедени сме дека ова е добар период за работа зашто во пролет, лето и во есен на пазарот се нудат многу производи. Зимскиот пери-од е порелаксиран, нема многу лу-ѓе што ги користат тезгите. Пазарот ќе се модернизира, ќе се направи по европски модел, ќе се постават комотни тезги, чија хигиена лесно ќе се одржува – вели градоначал-никот Владимир Талески.

Реконструкцијата во првата фа-за ќе чини 12 милиони денари, од кои 8 милиони денари ќе плати Оп-штината, а остатокот Јавното претпријатие „Пазари”. Со реновирањето тезгаџиите ќе добијатј прос-тор каде што ќе можат да ги прода-ваат земјоделските производи заштитени од временските влија-нија и каде што ќе се одржува хигиената, која сега не е на високо ни-во. Купувачите ќе можат да набаву ваат побезбедна храна. Ќе се пос-тави и таканаречен печатен под, кој е многу лесен за одржување. Новиот лик нема да ја зголеми па-заришната такса.

Тезгаџиите ќе добијат лиценци

Освен што ќе се среди паза-рот, ќе се реши и статусот на тезга-џиите што продаваат храна во па-зарот. Не ќе може наоколу да про-даваат диви продавачи или да влегуваат во пазарот и да ја ури-ваат цената на производите. Нап-ролет тезгаџиите ќе добијат лицен-ци за трговци на зелени пазари.

– На некои од тие што се над-вор ќе им обезбедиме да влезат во пазарот и да продаваат регуларно. Како групација на пазари со Министерство за економија работевме на закон кој ќе стапи во сила од март. Се решава стату-сот на тезгаџиите со издавање лиценци. Тие ќе бидат трговци на зелени пазари. Ќе се самовр&бо-тат, ќе плаќаат паушален даЦок и ќе немаат обврска да водат де-ловни книги и да издаваат фис-кални сметки – вели директорот на ЈП „Пазари”, Дивитаров.

– Очекуваме целосно да се ис-користи просторот во пазариштето зашто сега има делови кои не се во функција. Ќе се зголеми понудата во простор, во тезги, а немаме на-мера и да ги менуваме цените – вели Благој Дивитаров, директор на ЈП „Пазари”.

Реконструкцијата предвидена во првата фаза ќе трае до летото. Со неа конечно ќе се санираат ош-тетувањата што се појавија од обилните снежни врнежи во текот на зимата. За зафатот претпријатието има добиено дозвола и од Министерството за култура зашто па-зариштето е старо неколку века и е под заштита, па ликот не смее да му се менува.

[custom_frame_center]Битола ќе гради европски пазар[/custom_frame_center]

Извор: Дневник

Датум на објава: 16.10.2012

By | 2012-10-16T15:20:11+00:00 16/10/2012|Економија|