15 милиони долари од СЕАФ Македонија им стојат на располагање на Македонските компании, пари има услов е да се нудат квалитетни проекти но и сопствениците да дозволат влез на фондот во нивните фирми.
Парите обезбедени од капиталниот фонд на СЕАФ Македонија 25 се добредојдени сметаат експертите за да се дојде до нив фирмите им треба потенцијал за раст и да нудат издржани проекти генералниот менаџер на Логис Систем Венко Глигоров вели дека од голема корист е знаењето што го поседуваат ваквите фондови.
Една од главните одлуки што треба да ги направат сопствениците е всушност да се откажат или да препуштат дел од сопствеништвото на таквите фондови, тоа мислам е психолошко една бариера која што трае кај менаџерите и кај сопствениците да ја поминат меѓуто денаш кога ќе ја поминат ќе видат дека е тоа за доброто на фирмата зошто фирма ако прави малку профит и е 100% сопственик е полошо него ли да прави многу повеќе профит а да биде да го дели сопствеништвото, изјави Венко Глигоров, генерален менаџер на Логис Системи.
Газдите нетреба да се плашат да направат ваков чекор смета Глигоров бидејќи овие фондови по извесно време се повлекуваат па тие повторно можат да си ја вратат 100% сопственост. Шансата не треба да се пропушти оти многу пари се ставени на располагање.
Фондот СЕАФ Македонија е ден кој тежи 15 милиони долари со овие пари ќе се поддржуваат интересни и добри проекти на домашните компании постојни но и нови. Секоја од нив поединечно ќе може да добие од 1 до 1.5 милион долари. 80% од парите веќе се обезбедени минималниот износ за влез во фондот е 500 илјади од инвеститор. Ќе бидат наменети за фирми од областа на земјоделството, фармацијата, едукацијата и тренингот.
Превземено: МТВ 1
Датум на објавата: 21.10.2012
Термин: 17.00 часот
Автор: Мартин Пушевски