На Хартија Реформатори, Инвестиции Малку!

//На Хартија Реформатори, Инвестиции Малку!

На Хартија Реформатори, Инвестиции Малку!

Македонија има подобри резултати на полето на реформите од сите земји од опкружувањето, а, од друга страна, најголем дел од тие земји бележат подобри резултати во однос на привлекувањето странски инвестиции.

Македонија се најде на 23то место од вкупно 185 земји во најновиот извештај на Дуинг бизнис, за 2013 година што го објави Светска банка, а се однесуваат на реформите спроведувани во периодот од мај 2011 до мај 2012 година.

Македонија минатата година на оваа листа беше рангирана на 22. место, годинава напредокот е констатиран единствено во делот почнување бизнис, преку поедноставени процедури, додека кај останатите критериуми не е забележан, ниту напредок, ниту назадување.

Независно од забележаните подобрувања, има простор за натамошен напредок во секоја од спомнатите области, приклучокот за електрична енергија, добивањето на дозволите. Владата уште утре ќе продолжи со работа, ќети анализира искуствата на земјите што се пред нас за да видиме каде нешто може да се подобри, да се имгшементира тука”, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Извештајот на Светска банка покажува дека Македонија е во групата земји далеку економски поразвиени од неа. Германија е на 20то место, а Јапонија е зад нас на 24то. Од тука е евидентно дека сме ги достигнале нивните стандарди”  изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.

На листата води Сингапур, а веднаш зад неа се Хонг Конг, Нов Зеланд, САД и Данска.

Македонија предничи и кај земјите од опкружувањето. Зад Македонија се Словенија, која е 35та, на 51то место Црна Гора, Бугарија е на 66то место. На 84. место е Хрватска, Албанија е веднаш зад неа, на 86. место е Србија. Косово е на 98та позиција, додека Босна и Херцеговина се наоѓа на 126то место.

И покрај реформите што постојат на хартија, сепак, солидното рангирање од Светска банка не кореспондира со бројот на странски инвестиции во земјава.

Ставрески потенцирадека постојат многу фактори кои влијаат врз компаниите при нивното решавање каде и дали да вложат, меѓу кои е и општиот економски амбиент.

До пред 23 години кај нас имаше многу малку странски инвестиции. Овој период почна да работи Џонсон Мети, но стартуваа и инвестициите Кемет, Дрекслер и Маер, кои допрва ќе резултираат со зголемен извоз и подобрени производствени резултати”, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.

[custom_frame_center]На Хартија Реформатори, Инвестиции Малку![/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен

Датум на објавата: 24.10.2012

By | 2012-10-24T08:52:23+00:00 24/10/2012|Економија|