Мобилниот оператор Вип во вторникот ја промовираше својата нова 3Г ХСПА +мрежа, која е наменета за користење на широкопојасен мобилен интернет на компјутер или лаптоп.
Месечната претплата за Вип Интернет изнесува 499 денари со вклучени 5ГB податочен сообраќај, со брзина до 4Mbps, а за оние корисници кои имаат потреба од поголеми брзини и сообраќај, Вип за месечна претплата од 999 денари нуди 20ГB податочен сообраќај со брзина до 20Mbps.
Корисниците можат целосно да ги контролираат своите сметки бидејќи по надминувањето на сообраќајот вклучен во претплатата, дополнително не плаќаат, туку брзината се намалува, а ќе добијат и нотификација дека се доближил лимитот на одредената тарифа.
Вип нуди и можност за пробен период на услугата Вип Интернет со 3Г стик и можност корисниците да го вратат стикот доколку не се задоволни, без дополнителни трошоци освен остварениот сообраќај.
Истовремено Вип информираше дека организира натпревар за младите од 6 до 18 години да испратат цртеж или есеј на тема „Што е Интернет за мене“.
Најкреативните 100 трудови на најмладите ќе добијат вредни награди. Вип доделува 100 Notebook компјутери заедно со 100 бесплатни едногодишни претплати на Интернет.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 06.11.2012