Гугл, Бесплатно на Мобилен

//Гугл, Бесплатно на Мобилен

Гугл, Бесплатно на Мобилен

Милиони луѓе од земјите во развој ќе можат бесплатно да користат интернет од своите мобилни телефони, благодарение на новата услуга на Гугл, „Free Zone“.

Гугл лансираше нова услуга за корисниците во земјите во развој, која би требало да им овозможи бесплатен пристап до другите услуги кои ги нуди.

Услугата наречена „Free Zone“ е првпат промовирана на Филипините, а на корисниците ќе им овозможи бесплатен пристап до пребарувачот на Гугл, Gmail и Google+ од мобилните телефони без наплата за интернет сообраќај.

За пристап до услугата, доволно е да се има мобилен телефон со основни можности за пристап до интернет, а ќе функционира и на смартфони.

За пристап до услугата, доволно е да се има мобилен телефон со основни можности за пристап до интернет, а ќе функционира и на смартфони.

Иако корисниците ќе можат бесплатно да ги користат услугите на Гугл, ако отворат сајт надвор од Гугл доменот, ќе им биде наплатен стандарден интернет сообраќај.

Претставници од Гугл велат дека услугата е наменета за идните милијарда корисници на интернет, од кои голем број се од земјите во развој, и првпат се сретнуваат со интернет на мобилен телефон. Ако услугата е успешна, би требало да се прошири и на другите пазари во развој.

[custom_frame_center]Гугл, Бесплатно на Мобилен[/custom_frame_center]

 

Превземено: www.on.net.mk

Датум на објавата: 10.11.2012

By | 2012-11-12T11:27:08+00:00 12/11/2012|Информатичка технологија|