Вкупно 35.500 Веб – Страници Под Домејнот “.мк”

//Вкупно 35.500 Веб – Страници Под Домејнот “.мк”

Вкупно 35.500 Веб – Страници Под Домејнот “.мк”

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Пазарот на интернет-домејни во Македонија ќе се либерализира, со што поголем број на правни лица и компании кои се заинтересирани да бидат регистратори ќе може да се пријават во Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет.

Кога МАРнет ќе им дозволи на компаниите да бидат регистрари, тогаш тие ќе можат електронски да ги продаваат домејните за македонските граѓани. Секој ќе може да регистрира домејн од било кој компјутер, од било кој пристап до интернет  вели министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски кој напомена дека во наредните неколку недели ќе бидат регистрирани компаниите кои се заинтересирани да бидат регистрари.

Директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, Сашо Димитријоски рече дека со либерализацијата на пазарот за регистрирање на интернет-домејни ќе им се овозможи на приватните компании да регистрираат домејни кон крајните регистранти, со што значително може да се зголеми бројот на домејни, а исто така ќе се олесни и начинот за нивно регистрирање. Целта на оваа новина е да се регистрираат што е можно повеќе вебпортали со интернет-домејнот ,,.мк”.

На почетокот на формирањето на МАРнет во 1999 година, постоеја само 19.000 регистрирани домејни, а оваа година се регистрирани вкупно 35.500 вебстраници под домејнот „.мк”.

[custom_frame_center]Вкупно 35.500 Веб - Страници Под Домејнот ".мк"[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 14.11.2012

By | 2012-11-14T10:06:54+00:00 14/11/2012|Информатичка технологија|