Финската „Нокиа” и понатаму е втор по големина производител на мобилни телефони во глобални рамки, а првото место го држи корејскиот „Самсунг”.
Тоа го покажуваат најновите податоци што ги обелодени компанцјата за анализа „Гартнер”, според која, постојат два начина да се опише светскиот пазар на мобилни телефони.
Доколку се пресмета продажбата на сите модели, смарт-телефоните и другите модели, „Самсунг” опфаќа 22,9 процента од светскиот пазар и има продадено 98 милиони мобилни телефони, а „Нокиа” има 19,2 проценти од светскиот пазар, или 82 милиона продадени единици.
Оддалеченоста од третопласираниот „Епл” е голема. „Ајфон” има само 5,5 проценти од светскиот пазар на мобилни телефони. Потоа следува група производители од 2 до 4 проценти од светскиот пазар. Јапонскиот „Сони” е во групата „други”, но овој поранешен партнер на шведскиот „Ериксон” вообичаено има 1,5 процент од светскиот пазар.
Друг начин да се опише пазарот на мобилни телефони е да се прикаже само продажбата на смарттелефоните. Тие се постојано во пораст и моментно им опаѓаат 40 проценти од целосната продажба на мобилни телефони. Во овој дел најсилна е борбата меѓу „Епл” и Андроид-фамилијата.
Според „Гартнер”, тоталната продажба на мобилни телефони во светот бележи пад во две тримесечја по ред. Во текот на третото тримесечје падот изнесува 3 проценти, или вкупно 428 милиони телефони, споредено со истото тримесечје во 2011 година.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Дневник
Датум на објавата: 16.11.2012