Тутунска банка наскоро со нов газда. По одлуката на словенечката влада во целост да се приватизира НЛБ првиот човек на Тутунска вели, нема да се промени ништо. Заштедите се сигурни банката ќе продолжи стабилно да работи.
Ќе продолжи со исто темпо само со нов газда. Првиот човек на НЛБ тиутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски вели дека евентуалната приватизација на централата во Љубљана ќе нема ефект врз работењето. Граѓанските заштеди и депозитите се безбедни. Менаѕхментот смета дека нема да има ниту промена во политиките, едноставно ќе добиеле само нов сопственик по кој владата на Словенија трага подолго време.
Нова љубљанска банка поседува над 60 отсто од акциите на ќерката фирма во македонија НЛБ Тутунска која е една од трите најголеми банки во државава.
Министер за финансии Јанез Шуштершич, вели дека Словенија треба да го продаде целокупниот удел во најголемата банка. Стратегијата за задржување на 25 отсто од акциите плус една, во државна сопственост се покажала како пречка во обидот за отуѓување на банката. Според него, парламентот ќе мора да овозможи комплетна приватизација на НЛБ, каде државата поседува 59 проценти од акциите. Со цел приватизација на неколку банки со државен удел, формирана е лоша банка која ќе ги превземе сите големи ризични кредити. Само така банката наскоро ќе биде приватизирана во целост.
Превземено: Сител
Датум на објавата: 29.11.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Борче Пауновски