Цените во Мобилната Телефонија ќе се Изедначат

//Цените во Мобилната Телефонија ќе се Изедначат

Цените во Мобилната Телефонија ќе се Изедначат

Цената на повиците во мобилната телефонија ќе се намалат од септември идната година, откако АЕК ќе ја намали цената за интерконекција за повеќе од 50 %. меѓу компаниите. [custom_frame_right][/custom_frame_right]

Тоа директно ќе влијае и врз намалување на малопродажните цени што моментално операторите ги нудат на граѓаните. Тогаш според директорот на АЕК Ордановски сите цени во мобилната телефонија ќе бидат изедначени и рамноправни.

– Ќе има бенефит за граѓаните бидејќи од 1 септември 2013 ќе ги изедначиме цените, тоа е за прв пат. Така секој корисник на пример од Т-мобиле ако врти кон Т-мобиле, кон ОНЕ или ВИП разговорот ќе го чини подеднакво по минута разговор, вели Роберт Ордановски директор на АЕК.

Трендот на намалување ќе продолжи и во 2014 кога цените дополнително ќе се намалат.

Интенција на телекомуникациските оператори сега е да привлекуваат корисници нудејќи бесплатни или евтини смарт телефони. Компаниите ги продаваат под пазарна вредност само за да привлечат корисничка база. Со изедначување на цените, привлекувањето корисници според Ордановски ќе се насочи кон нудење поквалитетни и подостапни услуги за корисниците.

[custom_frame_center]Цените во Мобилната Телефонија ќе се Изедначат[/custom_frame_center]

Превземено: www.kanal5.com.mk

Датум на објавата: 29.11.2012

Автор: К.К.

By | 2012-11-30T03:28:45+00:00 30/11/2012|Телекомуникации|