Македонците Трети по Фејсбук, а Четврти по Интернет

//Македонците Трети по Фејсбук, а Четврти по Интернет

Македонците Трети по Фејсбук, а Четврти по Интернет

Во Македонија интернет користат 1.180.704 граѓани или 56,7% од вкупната популација, а на социјалната мрежа Фејсбук се приклучени 941.240 граѓани или 45,2%. Според податоците на специјализираниот статистички вебсајт „Интернет ворлд стат”, Македонците во користењето на интернет се пред Албанците, Бугарите, Грците, Црногорците, Србите и граѓаните на Косово.

Процентуално гледано, по Македонците најголеми корисници на ин-тернет се Србите со 56,4% по кои следуваат Грците со 53%, Бугарите со 51%, Црногорците со 50%и Албанците со 49%. Најмалку интернет се користи во Косово каде што 20,5% од населението е приклучено на он-лајн мрежата.

Поголем интерес за интернет има кај граѓаните на Хрватска, Словенија и Восна и Херцеговина. Од нив, најмногу интернетот се користи во Словенија каде што 72,1%од населението се приклучени он-лајн, по што следува Хрватска со 70,7% и Восна и Херцеговина со 60%.

Најпознатата социјална мрежа Фејсбук, повеќе од Македонците ја користат Србите – 48,2% од вкуп-ната популација и Црногорците со 46,9%. Помалку приклучени на Фејсбук има во Словенија – 37,1%, Ал-банија – 36,1%, Хрватска – 35,1%, Вугарија – 34,6% и Восна и Херцеговина со 33,7%. Зголемувањето на интернет корисници во Македонија се должи, пред се, на политиките и реформите што беа спроведени во последните години почнувајќи од отворањето на бесплатни интернет клубови, организирањето на бесплатни курсеви за граѓаните, доделувањето ваучери за компјутерска опрема за студентите, па се до набавката на компјутери за училиштата и воведувањето на електронскиот систем скоро во сите државни и јавни институции.

Податоците од Државниот завод за статистика на Македонија од октомври годинава покажуваат дека во првото тримесечје од годинава 58,3% од домаќинствата имале пристап на интернет што е пораст од 3,3% во споредба со истиот период 2011 година. Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години компјутер користеле 59,9%, а интернет 57,5%. Како најголеми корисници на интернет се јавуваат учениците и студентите.

Кај деловните субјекти 87,3% имале пристап на интернет, а приближно една четвртина или 25,5% им обезбедиле на своите вработени преносливи уреди со кои се овозмо-жува мобилна конекција на интернет.

Минатата година 84% од компаниите користеле интернет за соработка со органите на јавната власт било за добивање информации, формулари или пак за административни процедури, а околу 28% понудиле стоки и услуги во електронските системи за јавни набавки во државата.

Истражувањето на „Интернет ворлд стат” покажува дека во светот има 2.405.518.000 корисници на интернет од кои 937.169.000 се при-клучени на социјалната мрежа Фејсбук. Во Европа од вкупно 518.512.000 интернет корисници свои профили на Фејсбук имаат 243.230.000 жители. Во топ 10-те интернет држави во Европа според овој вебсајт рангирани се Русија, Германија, Велика Вританија, Франција, Турција, Италија, Шпанија, Полска, Холандија и Украина.

[custom_frame_center]Македонците Трети по Фејсбук, а Четврти по Интернет[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 11.12.2012

Автор: Кире Коцевски

By | 2012-12-11T11:15:01+00:00 11/12/2012|Информатичка технологија|