Кризата Шанса за Македонскиот ИТ Сектор

//Кризата Шанса за Македонскиот ИТ Сектор

Кризата Шанса за Македонскиот ИТ Сектор

Многу пари и енергија владата вложува да се подигне информатичкото општество во смисол на образование и на продукција потоа во производството. Телеком се приклучува по 1000 евра награда за оние кои имаат најдобри решенија. МАСИТ здружението на информатичарите денес имаше свој минут.

Информатичко комуникациските технологии изминатата година направиле 30 отсто од извозот. Оваа индустрија во Македонија се развива 20 години, но главните и успшешни иновации ќе се издвојат сега, во време на криза, посочи Бимбиловски, претседателот на МАСИТ.

Иднината на оваа индустрија не треба да ја гледаме само во Македонија туку и надвор од Македонија. и заради тоа ни треба зголемена конкурентност и ни треба зголемен извоз, вели Игор Бимбиловски, претседател на МАСИТ.

Во таа насока, комората МАСИТ во партнерство со Македонски Телеком  инвестираат 100 илјади евра за развој на иновативни проекти.

Ги отвараме вратите за влез и развој на иновации во Македонија, со цел да ја претвориме оваа наша визија во реалност. Ја нудиме можноста секој да ја добие главната улога во унапредувањето на комуникациите од иднината, а за возврат го нудиме нашето искуство, поддршка и инвестиција за реализиација на добрата идеја,  изјави Даниел Сас, главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Најдобрите 3 проекти ќе бидат избрани од страна на експертска комисија и објавени во март идната година.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 12.12.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Ана Петковска

By | 2012-12-13T04:36:19+00:00 13/12/2012|Информатичка технологија|