Третиот мобилен оператор Вип се приближува кон 25 отсто од пазарниот удел во Македонија. Ова, истакна главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев, е причина во компанијата да бидат исклучително задоволни од постигнатите резултати во изминатите 4,5 години, колку што се присутни во Македонија. Притоа, посочи, по мошне успешното трето и последното тримесечје од 2011 за компанијата било одлично, но напомена дека засега не може да изнесува повеќе детали. „Доколку останеме посветени на она што е наша маркетинг стратегија и исполнување на ветувањето кон крајните корисници, верувам, успехот е загарантиран” – потенцира Љушев, кој најави – “Вип и во иднина ќе продолжи по двете важни насоки по кои и досега се движеше – збогатување на понудата со т.н. паметни телефони, како и конзистентност во она што е ветено кон корисниците”.
Оттаму, Вип оператор од вчера ја збогати понудата со новиот светски хит – Samsung Galaxy Nexus, првиот паметен телефон со најновиот Android 4.0 Ice Cream Sandwich оперативен систем. Тоа е супермодерен мобилен телефон со 4.65 инчи екран со HD резолуција, кој овозможува и пристап до над 300.000 апликации и игри, а во самиот телефон се вградени и неколу иновативни програми за секаков вид комуникација – интернет, е-пошта, снимање и размена на звук, фотографии и видеа, како и користење на Google+, Facebook, Twitter…
Најновиот Samsung Galaxy Nexus е достапен во продажните центри на Вип оператор, и тоа, од 0 денари во пост-пејд тарифниот модел VIP Smart 2990 plus, VIP Surf 1GB, а цената само за телефонот е 31.999 денари.
Превземено: Бизнис-дневен весник
Дата: 08.02.2012
Автор на објавата: Б.Ј.