Стопанската комора одбележува 91 година постоење

//Стопанската комора одбележува 91 година постоење

Стопанската комора одбележува 91 година постоење

Стопанската комора на Македонија во понеделник одбележува 91 години од своето постоење. По тој повод ќе се одржи свеченост на која ќе бидат доделени признанија на компании кои имаат инвестициони активности во услови на криза и компании кои имаат инвестициони активности во странство.

Стопанската комора на Македонија, како партнер и застапник на  деловните интереси на стопанството во Република Македонија, годинава ќе ја одбележи 91-та годишнина од своето дејствување, коешто започнало во далечната 1922 година, се вели во најавата. Во рамките на одбележувањето на нашата годишнина, посебно внимание ќе се посвети на компаниите и менаџерите кои во кризниот период, почнувајќи од 2008 година до денес, беа храбри да инвестираат во нови производни погони во нашата земја, како и на компаниите и менаџерите кои гледајќи го својот прогрес во регионалното проширување, отворија производни погони во странство, стои во соопштението.

Стопанската комора на Македонија е најголемо бизнис здружение во државата, во која членуваат околу 15.000 членки од кои најголемиот број се мали и средни претпријатија. Членка е на бројни меѓународни организации и институции и соосновач на мешовити комори и деловни совети. 

[custom_frame_center]Стопанската комора одбележува 91 година постоење [/custom_frame_center]

Извор: www.kanal77.com.mk

Датум на објава: 18.02.2013

By | 2013-02-18T15:54:00+00:00 18/02/2013|Економија|