Претставници на над 180 македонски и странски компании од сите сектори се пријавени да присуствуваат на Вториот Глобален инвестициски самит, кој ќе се одржи во Охрид од 8 до 10 октомври. На Вториот самит присутните ќе разговараат за бизнисможностите, инвестициите, конкурентноста, конкретни проекти, конкретни успешни примери, како и да разговараат за меѓусебна соработка.
Во агендата на самитот се предвидени пет панелни дискусии на тема „Конкурентност на македонските компании” и билатерални соста ноци на учесниците и други настани. На самитот Хубертус ван Дер Ваарт, сосоновач на инвестицискиот фонд СЕАФ ќе објави и детали за инвестицискиот фонд. Неговите пласмани ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија (МСП) со развојна компонента.
Проектираниот инвестициски капитал е 15 милиони долари, а голем влог во фондот има и македонската дијаспора. При конституирање на фондот основната мисија е да се поддржат македонските МСП како најзначаен развоен сегмент во македонската економија.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Дневник
Датум на Објава: 24.09.2013