Од февруари регистрација на фирми само по електронски пат

//Од февруари регистрација на фирми само по електронски пат

Од февруари регистрација на фирми само по електронски пат

Од февруари 2014 година регистрацијата на фирми ќе се врши само по електронски пат. Годинава се отворени 6.247 компании, од кои 240 се регистрирани по електронски пат од овластени регистрациски агенти, кои ја вршат оваa активност последниве неколку месеци.

До јануари се очекува да се зголеми бројот на регистрациски агенти, кој сега на ниво на државата е 121. Според директорот на Централниот регистар на Република Македонија, Ванчо Kостадиновски, до февруари ќе има доволен број регистрациски агенти, преку кои може да се врши регистрацијата на фирма за нула денари.

Во евиденцијата на Централниот регистар има околу 100 илјади компании. Директорот Kостадиновски посочи дека годинава се затворени во нормална процедура 3.758 компании. Од евиденција избришани се 4.200 фирми, 3.500 фирми се со блокирани сметки, а 6.100 немаат активност три години едноподруго за што се чека потврда и од Управата за јавни приходи. Од УЈП се чека и утврдување на статусот на 37.748 фирми за да може потоа да бидат избришани од регистарот.

„Во регистрациските канцеларии на Централниот регистар во 20 града ќе се спроведе акцијата Отворени денови. Во согласност со нашата заложба што поблиску да бидеме до граѓаните, тимови од Централниот регистар од Скопје со локалното раководство ќе бидат достапни да одговорат на сите отворени прашања на граѓаните што се поврзани со надлежностите на Централниот регистар“, рече Kостадиновски.

Отворените денови почнуваат во Kуманово, во Скопје на 20 декември, а завршуваат на 29 декември во Штип и во Kочани.

[custom_frame_center]Од февруари регистрација на фирми само по електронски пат[/custom_frame_center]

Извор:  www.mkd.mk

Датум на објава: 18.12.2013

By | 2013-12-18T16:05:17+00:00 18/12/2013|Економија|