Почнуваат вработувањата во фабриката на Маркарт во Велес

//Почнуваат вработувањата во фабриката на Маркарт во Велес

Почнуваат вработувањата во фабриката на Маркарт во Велес

Со одржување на посебен „Ден за вработување“ во сабота на 4 октомври годинава во Велес, групацијата „Маркарт“ ќе го почне процесот на вработување за новата фабрика во индустриската зона Караслари, чие производство треба да стартува кон средината на следната година.

Првично ќе се отворат 100 работни места, а во следните пет години ќе се вработат над 500 лица.

На „Денот за вработување“ сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со „Маркарт“ групацијата и можностите што ги нуди, како и со внатрешната структура и работните места што се на располагање. Воедно ќе се одржат и интервјуа со кандидатите за слободните работни места во производство, логистика и контрола на квалитетет, но и за административните оддели – човечки ресурси, финансии, ИТ и продажба.

Главниот извршен директор на „Маркарт“ групацијата, Харалд Маркарт рече дека потребата од поголем простор и повеќе квалификувани луѓе, како и добрата соработка со централната и локалната власт биле причина што се одлучиле да инвестираат во Македонија.

– Веќе ги вработивме првите четири лица, а планираме фабриката во Велес да ја отвориме на ист начин како и нашите други фабрики и затоа е неопходно да обучиме кадри согласно нашите потреби. Тоа значи дека ќе почнат со содветна обука во Романија или Германија во зависност од работата што ќе треба да ја работат, рече Маркарт… повеќе

[custom_frame_center]Почнуваат вработувањата во фабриката на Маркарт во ВелесПочнуваат вработувањата во фабриката на Маркарт во ВелесПочнуваат вработувањата во фабриката на Маркарт во Велес[/custom_frame_center]

Извор: www.sitel.com.mk

Датум на објава: 23.09.2014

By | 2014-09-23T14:15:14+00:00 23/09/2014|Економија|