Продолжи Владиниот Роуд Шоу

/, Економија/Продолжи Владиниот Роуд Шоу

Продолжи Владиниот Роуд Шоу

Владиниот роуд шоу на бизнис форум продолжи во индискиот град Пуне, градот со огромна концентрација на автомобилски компании.Македонија е порта кон Европа ја представи земјата премиерот Груевски пред повеќе од 100 индиски бизнисмени. Председателот на индиската комора за aвтокомпоненти најави скорешна посета и лично да се увери во атрактивните можности за водење бизнис во Македонија. И Пуне, индискиот град со најголема концентрација на автомобилски компании, е во агендата на Владиното роуд шоу.

Македонија е порта кон европските пазари, има одличната географска локација и договорите за слободна трговија со Европската унија, премиерот Груевски ја промовираше земјата на бизнис форумот во Пуне. Рамен данок, административни и регулаторни реформи, намалени социјални придонеси, во Македонија се инвестира и во образованието.  Македонија има многу високо образовен кадар, способен да работи во разни сектори. Како поминува времето, така младите се повеќе се одлучуваат за високото образование, вели премиерот Груевски.

Ние не знаевме дека може да имаме толку поволности во Македонија, во однос на инфраструктурата, складишниот простор, и логистиката, како и можноста да станеме дел од синџирот на достава во автоиндустријата за цела Европа. Едвај чекаме да формираме база во Македонија и да ја посетиме земјата на покана на вашиот премиер, вели Арвинд Капурпретседател на индустриска комора за автокомпоненти.

Вчера во Њу Делхи денес во Пуне, за Македонија слушнаа над 250 индиски компании. Интерес покажале за хотелиерство, туризам, градежништво, инфраструктура, автомобилска индустрија. Има интерес од многу компании, јас се надевам дека многу брзо дел од нив ќе дојдат во РМ беше наестено и дека се бара земјиште за конпани од керамичката индустрија, компании кои што сакаат да направат откупно дистрибутивни центри за откуп на земјоделски производи бидејќи се занимаваат со преработувачката индустрија. Какос хто кажав и во други области има интерес сега останува во следниот период да ги продолжиме овие контакти да им помогнеме на бизнисмените да ја, Македонија да ја осознаат како земја со модерна стабилна предвидлива клима за инвестиции, вели министерот за финансии Зоран Ставрески. Утре е последниот ден на македонската делегација во Индија. Завршува со бизнис форум во Бомбај. Во Петок Роуд шоуто се сели во Малезија. Инвестициските можности на Македонија ќе им бидат презентирани на компании во Куала Лумпур.

httpv://www.youtube.com/watch?v=K5YFHruE-WE&feature=colike

Превземено: Канал 5

Датум на објавата: 06.03.2012

Термин: 17.20  часот

Автор: Маја Дамјановска

By | 2012-03-07T07:38:58+00:00 07/03/2012|Автомобили, Економија|