УНИ банка промовираше нов ненаменски потрошувачки денарски кредит.
Износот е до 900.000 денари, со каматна стапка од 7,9 отсто и рок на отплата до 10 години. Наменет е за вработените во јавната администрација и акционерски друштва, за рефинансирање на постојните обврски по кредити и кредитни картички, тековни секојдневни потреби, реновирање или купување автомобил.
Кредитот се одобрува за три работни дена, без дополнителни трошоци за нотар, осигурување и процени. За граѓаните што платата ја земаат преку друга банка каматата е 9,9 отсто, која може да се намалат до 7,9 отсто доколку се префрлат со платата вб УНИ банка, се вели во соопштението до медиумите.
УНИ банка нуди можност и за кредит без жиранти, за износи до 300.000 денари, со рок на отплата до 5 години.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Дневник
Датум на објавата: 09.03.2012