Вип Секој Ден ќе Дели Телефон, Секоја Недела Таблет Компјутер

//Вип Секој Ден ќе Дели Телефон, Секоја Недела Таблет Компјутер

Вип Секој Ден ќе Дели Телефон, Секоја Недела Таблет Компјутер

Сите Вип корисници од денеска имаат можност да се натпреваруваат за телефони, таблет компјутери, телевизор во новата СМС наградната игра.

Сите корисници кои сакаат да учествуваат во наградната игра на Вип треба да испратат СМС порака со било каков текст на бројот 1477, а по регистрацијата ја почнуваат наградната игра за некоја од наградите – дневна награди HTC Sensation XL телефон, секоја недела Samsung Galaxy Tab 10.1 таблет компјутер и главна награда – Sony 3D телевизор.

Наградната игра се одвива така што, учесникот кој е веќе регистриран добива прашање по случаен избор на коешто треба да даде точен одговор. Учесникот треба да одговори точно на што е можно повеќе прашања во текот на една сесија. Секој учесник има право на три сесии од по еден час во текот на денот.

Во извлекувањето на дневната награда учествува секој корисник кој во текот на денот има сесија во која на сите прашања има одговорено со точен одговор и има најмалку 10 точни одговори.

Секој корисник кој во текот на неделата има сесија во која на сите прашања има одговорено со точен одговор и има најмалку 10 точни одговори е потенцијален добитник на неделната награда учествува, а за главната награда конкурираат корисниците кои имаат успешно завршена сесија во текот на целата наградна игра со најмалку 10 точни одговори.

Сите пораки испратени кон бројот 1477 (без разлика на содржината на СМС пораката) ќе се наплаќаат по 5 денари со вклучен ДДВ.

Доколку корисникот во текот на одговарањето на прашањата од наградната игра побара да го прескокне прашањето на кое не го знае одговорот со испраќање на текст NEXT активира дополнителна наплата од 30 денари со вклучен ДДВ. Сите повратни СМС пораки ќе бидат бесплатни.

Наградната игра трае од 8 март до 9 мај 2012 година

[custom_frame_center]Вип секој ден ќе дели телефон, секоја недела таблет компјутер [/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 08.03.2012

By | 2012-03-09T08:10:30+00:00 09/03/2012|Телекомуникации|