Турскиот инвеститор Ибрахим Џеваир чија компанија треба да ги гради облакоделите во Скопје Аеродром се жали на долги административни процедури околу неговиот проект за дозволите чекале скоро 1 година а во меѓувреме течело рокот на договорот кој го договориле со Владата.
Министерот за транспорт Јанакиевски вели дека застојот е поради комплексноста на проектот и оти турцијте ќе ги добијат предвидените дозволи во најскоро време.
Првиот човек на турката компанија Џеваир холдинг, која ќе ги гради највисоките згради во Македонија во скопската населба Ново Лисиче, се пожали дека административните процедури за големиот проект течат премногу бавно. Според сопственикот на холдингот, Ибрахим Џеваир, иако компанијата дошла со комплетен проект, скоро една година чека на дозвола за градба.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека застојот се случува поради специфичноста на проектот, бидејќи облакодери се градат за првпат во Македонија. Џеваир холдинг купи земјиште во скопски Аеродром, на кое ќе гради четири облакодери со по 42 ката. Меѓу другото, во станбениот комплекс, според проектот треба да се изградат и базени, фитнес центри, сауни и турски амам, а можно е да има и верски објекти.
Холдингот најавува инвестиција од 150 милиони евра
httpv://www.youtube.com/watch?v=DcI9ZMcXYsg
Превземено: Алфа
Датум на објавата: 10.03.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Жарко Настоски