Високите цени на нафтените деривати ќе предизвикаат низа поскапувања. Се најавува поскапување на јавниот превоз, а граѓаните бараат од власта да преземе мерки за намалување на растечките цени на бензините.
Рекордно високите цени на горивата причина за револт и загриженост кај граѓаните но и за поскапување на автобускиот превоз во Скопје. Постојаните поскапувања на горивата имаат огромно негативно влијание врз нашето економско работење и сите возачи бараат да ја зголемие цената на билетот велат од здружението на приватни превозници Слобода превоз.
Според нив решение на проблемот е дејностите кои се занимаваат со транспорт да плаќаат пониска акциза на горивата.
-Доведени сме до да кажам позитивна нула. Извршниот одбор на здруажението на приватни превозници ќе заседава во наредниот период да одлучиме евентуално дали ќе има поскапување на превозот. Посакуваме да бидат издвоени дејнстите како нашата во однос на акцизата бидејки ДДВ-то веќе ни е намалено. Кога би можело такво нешто да се издејствува мислам дека тоа би довело на долгорочен план, стабилна цена на превозот.
Граѓаните се едногласни дека цените на горивата се превисоки и бараат од Владата да преземе мерки за нивно намалување.
Анкета на граѓани:
-Скупо е, економски сме тапа. Не знам што да правиме. Економски сме за нигде.
-86 денари е за литар сега.
-Е, ама што да правиме? Тоа е, што можеме ние да правиме? Треба да водат рачун тие што се од тамо.
-Криза е многу, не може. Ми работимо такси, и што-работимо само за гориво, само за давачките. Работи и на крај ништо не може да ги покриеш трошоците.
-Кога мора да се вози кола и мора да ставиме нафта, се покачува или се симнува-више не е интересантно на покачување, тоа се научивме мие сите со овие цени, нема тоа што. Човек кога работи кога има работа-добро, ама за тој што не работи е тешко малце.
-Катастрофа. Ова само кај нас го нема, мислам го има.,
Мислите дека државата може да нешто преземе за да се намали ова?
-Па да, зошто да не?
Со последното поскапување на горивата цената на бензинот од 95 октани е 86 денари за л. Од таа сума преку акцизи, данок на додадена вреднсот и други помали давачки, 36 денари одат во буџетот на државата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=jyCg9nqeRMw
Превземено: Телма
Датум на објавата: 13.03.2012
Термин: 18.30 часот
Автор: Мирко Трајановски