Македонија со Дигитален Телевизиски Сигнал до 2015та

//Македонија со Дигитален Телевизиски Сигнал до 2015та

Македонија со Дигитален Телевизиски Сигнал до 2015та

До 2015 телевизискиот сигнал во земјава ќе биде дигитален. Ќе се распише јавен повик за радиодифузер што ќе ги префрли аналогните во дигитални телевизии.

Кристално чиста слика, безпрекорен звук, нови интерактивни услуги, најдоцна до 2015 треба да се дигитализира телевизискиот радио фрекфенциски спектар и старата аналогна телевизија полека да замине во историјата. Најдоцна до петок Агенцијата за Електронски Комуникации ќе го распише јавниот повик за избор на оператор кој ќе располага со три мултиплекси, два за националните телевизии и еден за регионалните радиодифузни сервери. Повикот ќе трае 45 дена.

Ако на јавниот повик се појави само една заинтересирана страна ние веднаш ќе ја доделиме лиценцата ако се појават повеќе од една според законот за електорнски комуникации ќе распишеме јавен тендер во траење од 30 дена и врз основа на комерцијални услови најдобриот ќе ја добие лиценцата, соопшти Роберт Ордановски, директор на АЕК.

Дигиталното префрлување за потребите на националниот сервис МРТВ го врши јавното претпријатие македонска радио дифузија. Поголем дел од територијата на државата е покриено од дигиталниот сигнал на јавниот сервис. Во наредниот месец советот за радиодифузија ќе го испитува пулсот на локалните телевизии за нивно прераснување во регионални. За оние кои немаат желба постои можност АЕК да распише два дополнителни мултиплекса. Планот е целосно покривање со најбрз широкопојасен интернет во наредните 4 години.

Со ова одкако ќе се префрлат телевизиите од аналогни во дигитални, почнувајќи од први јуни 2013 година , АЕК ќе има простор да им овозможи на 4Г операторот да ги ослободи тие фрекфенции за да може тој опратор да понуди многу побрзи услуги за граѓаните на РМ да може да помогне да понуди интернет пакети кои што ќе бидат со попристапни цени, соопшти Иво Ивановски , министерот за информатичко општество и администрација.

Најдоцна до 2015 целосно ќе биде исклучено аналогното телевизиско емитување.

httpv://www.youtube.com/watch?v=zFx7IRM9p10

Превземено: МТВ1

Датум на објавата: 14.03.2012

Термин: 17.00  часот

Автор: Сузана Фиданска Стоевска

By | 2012-03-15T07:49:41+00:00 15/03/2012|Телекомуникации|