Изградба на Нови 20-тина Хидроцентрали

//Изградба на Нови 20-тина Хидроцентрали

Изградба на Нови 20-тина Хидроцентрали

Откако со првиот договор немаше многу успех, денеска во министерството за економија се потпишаа 20-тина нови договори за изградба на мали хидроцентрали во Македонија. Инвестицијата се проценува на 40 милиони евра.

Бавно оди реализацијата на проектот за изградба на 400 мали хидроцентрали. Од вкупно 47 локации, кои Министерството за економија ги додели во периодот од 2009 до 2011 година, до сега во употреба се пуштени само пет мали хидроелектрани. Министерот за економија, Ваљон Сарачини признава дека инвеститорите се соочуваат со одредени административни проблеми, но е оптимист дека наскоро голем дел од хидроцентралите ќе почнат да произведуваат електрична енергија.

– Во функција се пет, другите се во процедура и се надевам дека во скоро време ќе почнат со работа -значи ја кажав дека договорите се потпишани во 2009 и 2010 година, а они имаат рок од три години да завршат со изградбата, но тука има некои проблеми во однос на потпишување документи, имотно – правните спорови итн, изјави Сараќини.

Денеска беа доделени 21 нови локации на кои треба да бидат изградени мали хидроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 23 мегавати, а нивната изградба ќе чини околу 40 милиони евра. Кочо Анѓушев, кој на досегашните тендери има добиено вкупно девет локации, вели дека овие проекти се од огромно значење за електроенергетскиот систем на земјава.

– Сите мали хидроцелектрани, вклучувајќи ги и овие за кои се потпишуваат договори денеска, би замениле една голема хидроцентрала како што е Шпиље, Глобочица, Тиквеш, итн. како по производството така и од друга страна треба да бидеме свесни како инвестиција, објаснува Анѓушев.

До сега министерството за економија има доделено вкупно 68 локации за изградба на мали хидроелектрани на реките низ Македонија. Според договорите, инвеститорите ќе ги користат централите 20 години, по што тие ќе станат сопственост на државата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=lZCC-2vxBBE

Превземено: Телма

Датум на објавата: 19.03.2012

Термин: 18.30  часот

Автор: Мирко Трајановски

By | 2012-03-20T03:29:40+00:00 20/03/2012|Економија|