Регенератори за Коса(2дел)

//Регенератори за Коса(2дел)

Регенератори за Коса(2дел)

Видови регенератори

„Leave-in“ регенератори – овие регенератори не се плакнат, а најчесто се произведуваат во облик на спреј или крем. Соодветни се за тенка и слаба коса.

Интензивни регенератори – овие регенератори се познати по своето дејство на длабинско хранење на косата. Дејствуваат како блага маска и ја освежуваат на косата. Го враќаат сјајот, мекоста и цврстината на косата, што претходно била оштетена поради честа употреба на препарати за бојадисување на косата или употреба на фен. Дејствуваат и на коса што претходно била изложена на различни надворешни влијанија како што се: сонце, дожд, морска сол или хлорирана вода.

Вообичаен регенератор – најчесто се користи за нормална коса што не е многу оштетена и на која ѝ е потребно само да ги зачува сјајот и цврстината.

Реконструктивни регенератори – овој вид регенератори се најинтензивни во однос на дејството на косата, затоа што имаат одредени состојки што ги обновуваат влакната. Наменет е за коса што била хемиски третирана, на пример, при ондулација. Регенераторите за длабинско третирање на косата содржат формули од различни состојки меѓу кои најзначајни се протеините, што овозможуваат зајакнување на веќе ослабената, оштетена или исушена коса.

Поради различните видови регенератори што имаат свои специфични состојки и дејства, потребно е внимателно да се избира регенераторот и изборот да биде соодветен на косата и состојбата во која се наоѓа таа. Така, за сува и тенка коса може да се препорача и да се купи регенератор што има способност да обезбеди хидратација на косата. За мрсна коса може да се препорача регенератор што не содржи масло, додека за оштетена коса регенератор што во себе содржи протеини.

Најчести состојки и нивната функција

Постојат разни видови состојки што се користат за производство на регенераторот за коса, што имаат различна функција и различно дејствуваат на косата. Токму затоа состојките се избираат внимателно со цел да се обезбедат најдобрите можни резултати.

Acidifier – соединение што ги отстранува мастите. Ѝ помага на косата да стане помазна и со помалку првут со што сјајноста на косата ќе дојде до израз. Лимонската киселина е најчесто употребувана за да се постигнат овие резултати.

Антистатични состојки – помагаат да се намали електрицитетот на косата, правејќи ја полесна за одржување.

Есенцијални масни киселини – се наоѓаат во природните масла и можат да ѝ помогнат на сувата и оштетена коса да стане помека и поеластична. Кога се мие косата, голем дел од природниот себум се отстранува, така што овие масла помагаат за негова регенерација.

Мириси – најчесто тие се синтетички.

Состојки за постигнување сјајност на косата – овие состојки се козметички. Најчесто се употребуваат диметикон или циклометикон (многу светли масла добиени од силикон). Тие остануваат на површината и кога се користат во помали количества рефлектираат светлина. Исто така, тие се најдобри состојки за контролирање на витканата коса.
Хидролизирани протеини – ѝ ја даваат на косата потребната цврстина што ѝ е потребна во ситуации кога често се користи фен или кога косата често се навиткува.

Масла – маслата како што се масен алкохол, пантенол и диметикон помагаат во отстранување на заплетканоста на косата.

Хидратантен крем – помага за подобра хидратација на косата.

Полимери – се врзуваат за клетките на косата, давајќи им дополнителна сила.

Конзерванси – тие се потребни за некои од состојките, особено на оние природните, што многу често можат да деградираат при изложеност на воздух.

Sequestrant – му помага на регенераторот за коса да дејствува и во тврда вода.

Топлински заштитници – ја штитат косата од прекумерна топлина, како што е сушењето на косата со фен или од постојано пеглање.

Регенераторите за коса го олеснуваат одржувањето на косата и прават таа да изгледа поздрава, посјајна, негувана. Според типот на косата се избира и видот на регенераторот. Со помош на состојките на регенераторот сувата и оштетена коса ќе биде заменета со густа и мазна.

[custom_frame_center]Регенератори за Коса(2дел)[/custom_frame_center]

Превземено:  www.statija.mk

Датум на објавата: 20.03.2012

By | 2012-03-22T08:38:38+00:00 22/03/2012|Козметика|