Бензините повторно поскапуваат, од полноќ за 1,5 денари, дизелот за половина денар по литар. Граѓаните бараат владата итно да преземе мерки за да го запре растот на цените на горивата.
Цените на горивата од вечерва на полноќ повторно се зголемуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензините поскапуваат за еден и пол денар, а дизелот за половина денар по литар. Еуросупер 98 ќе чини 89 денари, а бензинот од 95 октани ќе се продава за 87 и пол денари за литар. Цената на дизелот ќе изнесува 75 и пол денари за литар. За половина денар поскапува и екстралесното масло за домаќинства, кое ќе се продава за 64 денари, а единствено намалување има кај мазутот кој ќе чини 49.17 денари за килограм. Граѓаните бараат итни мерки од Владата.
-Данокот, сите знаеме што треба, акцизите, данокот да се намали, ќе се намали цената. Данокот е колку што е горивото. Државата треба да реагира малце.
-Никако работава, беспарица. Не работам никаде. И уште ќе идат? До плафон више нема, крај. Не сакаат, тоа е се до владата не до мене или било кој овдека муштериите што доаѓаат што ставаат гориво, велат граѓаните.
Поскапите бензини ќе повлечат и повисоки цени на прехранбените продукти. Трговците велат дека освен кај јајцата чија поединечна цена некаде е зголемена и до 3 денари, поголеми поскапувања во последните два месеци немало. Сепак не исклучуваат околу Велигден да добијат пресметки со повисоки цени на производите.
-Во овој момент оди уште по нагоре горивото во целокупната дистрибуција значителон трошак кај сите компании би требало да се покачат цените и сме во очекување. Меѓутоа сето тоа зависи од други фактори-струја, суровини за тие производи и така – вели Никола Начовски, менаџер во Тедико Супер маркети.
Трговците сметаат дека поголеми поскапувања ќе има кога превозниците ќе решат да ги зголемат цените. Тие засега се воздржуваат од ваков чекор, но за да ги задржат сегашните цени побараа намалување на ДДВ-то и зајакната контрола врз нелегалните превозници. Најновото поскапување на нафтените деривати, регулаторот го објаснува со повисокиот курс на денарот во однос на доларот, иако просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар била пониска за 0.47% во изминатите две недели.
httpv://www.youtube.com/watch?v=NZaUurk0lxs
Превземено: Алфа
Датум на објавата: 26.03.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Тања Попова