Отворена Реновираната Урбана Продавница на ОНЕ во ГТЦ

//Отворена Реновираната Урбана Продавница на ОНЕ во ГТЦ

Отворена Реновираната Урбана Продавница на ОНЕ во ГТЦ

Со сечење на црвена лента, Генералниот извршен директор на телекомуникацискиот оператор ОНЕ, Цирил Кафол денеска го означи официјалното отворање на комплетно реновираниот продажен салон на ОНЕ во градскиот тровски центар.

“Новото идејно решение на салонот ќе понуди комплетно поинаков концепт и е во согласност со светските архитектонски трендови за современи комерцијални објекти со едноставни и чисти линии. Изборот на боите е во согласност со корпоративните бои на ОНЕ, а целокупното идејно решение на просторот е прилагодено на имиџот и брендот на компанијата и е асоцијација на модерен, младешки, урбан и отворен простор за секој посетител“, изјави на отворањето Кафол.

Реновирањето на салонот беше направено за рекордно кусо време и истото опфати негово целосно преуредување во простор кој овозможува поблиска комуникација на персоналот со клиентите.

[custom_frame_center]Отворена Реновираната Урбана Продавница на ОНЕ во ГТЦ[/custom_frame_center]

Превземено: www.tocka.com.mk

Датум на објавата: 28.03.2012

By | 2012-03-29T01:20:48+00:00 29/03/2012|Телекомуникации|