Македонски Телеком со цел да им излезе во пресрет на барањата на корисниците кои што имаат поинакви потреби и можности, воведе нов тарифен модел којшто е исклучително поволен и специјално наменет за социјално ранливата група на граѓани. Во рамките на понудата, корисниците на социјална помош коишто имаат потреба само од говорни услуги, можат да земат бесплатна припејд фиксна телефонска линија од Македонски Телеком.
За активирање на социјалниот тарифен модел неопходен е ваучер од 150 денари, а целиот износ од кредитот корисникот може да го искористи за разговори во текот на целата година. За припејд тарифниот модел не се наплаќа еднократен надоместок и корисниците не се обврзани да потпишуваат долгорочен договор со компанијата. Во социјалниот тарифен припејд модел, цените се изедначени со цените за разговори од стандардната постпејд телефонија. Па така, цените за разговорите за локален сообраќај за време на евтината тарифа се 0,71 МКД, а во нормалната тарифа 1,18 МКД.
Оваа припејд телефонска линија овозможува целосна контрола на трошоците при што корисникот може да остварува локални, национални, разговори кон мобилните мрежи и меѓународни разговори, само со купување на ваучери за надополнување.
Ваучерите може да се набавуваат во Телеком продавниците. По искористување на ваучерот, корисниците ќе можат да примаат дојдовни повици, односно да бидат бирани во текот на една година од активирањето на последниот ваучер. Исто така, тие по искористување на ваучерот ќе можат да ги повикуваат и службите за итни повици – Полиција 192, Противпожарната служба 193, Брзата помош 194 и Центарот за известување и тревожење 195.
Креирањето на тарифниот модел за корисниците на социјална помош е понуда како резултат на законската обврската на Македонски Телеком АД како давател на универзална услуга, на корисниците со статус на социјален случај и на корисниците со посебни социјални потреби да им обезбеди пакети кои се разликуваат пакетите понудени на другите претплатници, со цел да се создадат услови за еднаков пристап и достапност до јавните телефонски услуги. Истовремено, тарифниот модел е поддржан и од страна на Министерството за труд и социјална политика, како исклучително поволна понуда која сосема одговара на потребите и можностите на оваа категорија на граѓани. Како резултат на поддршката од страна на министерството, од денеска во сите регионални центри за социјална работа низ државата, Македонски Телеком ќе дистрибуира промотивни материјали за социјалниот тарифен припејд модел.
„Фиксниот телефон, за голем број граѓани кои што имаат ограничен домашен буџет и денес претставува традиционално основно средство за комуникација. Ние како социјално одговорна компанија, имаме за цел да им помагаме на групите и институциите на кои што им е потребна нашата помош. Со пуштањето на ваков тарифен модел на нашиот пазар им даваме еднаква можност на сите граѓани да го искористат своето право за основна комуникација“, изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-диниот Даниел Сас.
За повеќе информации, корисниците можат да се обратат во Телеком продавниците или да се јават на бесплатниот телефонски број 171.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.idividi.com.mk
Датум на објавата: 29.03.2012