Најуспешен Квартал за Винер Осигурување

//Најуспешен Квартал за Винер Осигурување

Најуспешен Квартал за Винер Осигурување

Винер Осигурување – Виена Иншуренс Груп во понеделникот објави дека во првиот квартал од годината остварил вкупен приход 200 милиони денари (3,25 млн евра), што претставува најдобар квартален резултат во историјата на фирмата.

„Со ова продолжува трендот на фантастични резултати на компанијата, која од квартал во квартал бележи се подобри и подобри резултати“, се вели во соопштението на компанијата.

Минатата година, компанијата ја заврши со раст од 41 отсто, драстично зголемувајќи го пазарниот удел, а резултатите постигнати во првиот квартал годинава покажуваат дека Винер продолжува со позасилено темпо.

Ваквиот позитивне резултат, според раководството на компанијата, се должел на зголемениот квалитет на услугите  експресно решавање на штетите и тимска работа

Во меѓувреме, надзорниот одбор му даде  нов четиригодишен мандат  на Генерален директор на Винер Осигурување Зоран Нарашанов, истакнувајќи ја неговата заслуга за извонредните резултати и пружајќи му безрезервна поддршка за идните планови.

Амбициите на компанијата да прерасне во уште помоќна и проширена корпоративна средина, останувајќи максимално фокусирана на задоволството на клиентите.

[custom_frame_center]Најуспешен Квартал за Винер Осигурување [/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 02.04.2012

 

By | 2012-04-03T01:56:21+00:00 03/04/2012|Осигурување|