Турски Суташ Нов Сопственик на Млекарницата Сведмилк

/, Економија, Млеко/Турски Суташ Нов Сопственик на Млекарницата Сведмилк

Турски Суташ Нов Сопственик на Млекарницата Сведмилк

Турски Суташ е нов сопственик на млекарницата Сведмилк. Компанијата лидер во турската млечна индустрија ќе плати 4.4 милиони евра а денеска потпиша и договор за купопродажаба со НЛБ Тутунска банка како најголем доверител на долговите на шведската млекарница. Рестартот се очекува за 6 месеци. Суташ ја купува и фармата Еуроленд сопственост на Трифун Костовски.

Шведската млекарница конечно стана турска. Суташ за 4, 4 милиони евра ја купи млекарницата Сведмилк. Денеска претставници на компанијата го потпишаа договорот за купопродажба со НЛБ Тутунска банка како најголем доверител.

Турски Суташ ја купува и Еуроленд, краварска фарма во сопственост на бизнисменот Трифун Костовски. Според нашите информации, турската компанија планира дополнителни инвестиции во овие два објекти.

Во Сведмилк се планира доградба на капацитет за производство на сирење и кашкавал. Рестартирањето на млекарницата се очекува за најмногу шест месеци. Денеска итно беше свикан состанок и со Одборот на доверители, на кој доверителите беа информирани за продажбата.

Бевме известени како одбор на доверителите дека Тутунска банка своето побарување го има продадено на турската компанија Суташ и сега ние донесовме одлука за стечајната маса, имотот што е останат во стечајна маса да се донесе одлука да се продадеи тој имот и донесовме одлука и сега е даден на продажба. Проценетата вредност се 3 милиона евра, изјави Ване Андреев, адвокат на млекопроизводителите.

Турската компанија пред неколку месеци пројави интерес за шведската млекарница. Суташ е една од најголемите компании во млечниот бизнис во Турција и има годишен обрт од 800 милиони долари.

Инаку Сведмилк стартуваше како гринфилд инвестиција, кон крајот на 2007 година, но само по една година работа отиде во стечај. За тој период создаде долгови од 32 милиони евра, од кои 4 милиони долг кон сточарите. По откривањето на скандалозното работење раководните лица заработија кривични пријави.

httpv://www.youtube.com/watch?v=i0s0K9lats8

Превземено: Канал5

Датум на објавата: 03.04.2012

Термин: 18.20 часот

Автор: Љупка К. Камчева

By | 2012-04-04T04:17:06+00:00 04/04/2012|Банки, Економија, Млеко|