АД Македонски Телеком ќе исплати речиси 100 милиони евра дивиденда модносно 71,36 денари по акција со вклучени даноци. Владата која поседува 34 насто од акциите ќе добие над 2 милијарди и 38 милиони денари.
100 милиони евра дивиденда ќе поделат акционерите во Македонски Телеком. Најмногу пари ќе добие поединечен акционер – Камени мост од Скопје во сопственост на унгарскиот оператор Матав, друштво кое поседува 51 насто од акциите на Телекомот.
Владата како втор по големина акционер може да смета на исплата на својот удел од 34,8% вредни околу 38 милиони евра.
Повеќе дивиденда се исплаќа во однос на лани покрај загубата поради тоа што во бруто сумата за минатата година се слеани 20 милиони евра добивка на Т-мобиле остварени во 2010-та-истакна Горан Торбаков, претседател на собранието на акционери на Македонски телеком.
-Добивката оваа година се состои од 2 компоненти. Едниот компонент е нормално добивката на Македонски телеком со тоа што имаше исплата на дивиденди од Т-мобиле Македонија од 2010-та кој влегуваво извештаи на 2011-та. Така да разликата во исплатата е точно од дивидендите од Македонски Телеком минатата година 201о-та.
Инаку еден на 500 државјани во земјава поседува акции во Телекомот. Секој акционер ќе добие по 71,46 денари бруто за акција. Вкупната сума со операторот треба да ја исплати поединешни акционери-физички лица изнесува 2 милиона 315 илјади денари.
Последен ден на тргување со оваа дивиденда е овој петок а исплататаќе се врши меѓу 25 април и 7 мај.
Превземено: Македонско радио
Датум на објавата: 04.04.2012
Термин: 15.30 часот
Автор: Елизабета Демировска