Исклучете Роаминг во Охрид

//Исклучете Роаминг во Охрид

Исклучете Роаминг во Охрид

Регулаторот ќе побара законски измени за да воведе казни за операторите чии корисници на мобилни телефони се закачуваат на странски мрежи и кога не патуваат во странство, најавува директорот Роберт Орданоски.

Казни за операторите чии корисници на мобилни телефони се закачуваат на странски мрежи и кога не патуваат во странство, најавува директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски. АЕК ќе иницира законски измени, со цел да се заштитат корисниците од, евентуално, повисоки сметки поради роаминг, иако не патувале во странство.

Скопјани се жалат дека се закачуваат на косовски оператори, особено кога се на Водно. Причината е што 10 километри од границата со Косово се сметаат за погранична зона, во која се мешаат сигналите на операторите. Косовскиот оператор има базна станица на самата граница и има директна оптичка видливост со Водно. Во Охрид посилни се сигналите на албанските оператори, а во Дојран корисниците се префрлаат на грчка мрежа.

“Технички, корисник може да се закачи на мрежа од соседна држава ако и само ако изгуби сигнал, односно покривање од сопствениот оператор. Затоа, мрежите на домашните оператори не смеат да бидат порозни во дозволената зона од 10 километри”, вели директорот на АЕК Роберт Орданоски, и дообјаснува дека АЕК комуницира со регулаторите на сите соседни држави и се труди препокривањето да биде во рамките на тие 10 км. Контролата и казнувањето би стратувале по набавката на новата мерна опрема.

Операторите велат дека со СМС пораките со кои им посакуваат среќен пат и како да користат роаминг ги предупредуваат корисниците дека се на странски оператор. Според “Вип”, решение на проблемот треба да обезбеди Агенцијата.

“Корисниците во пограничните зони ги советуваме мануелно да ја одберат мрежата на Вип. Но проблемот со пограничниот роаминг треба да се решава на ниво на регулаторни тела, преку утврдување на протоколи за прекугранична координација и регулативно ограничување на мокноста на емитуваниот сигнал на националните оператори кон туѓи територии”, објаснуваат од “Вип”.

Од “Т-Мобиле Македонија” велат дека надлежните институциите ги советувале дека тоа е билатерален проблем кој треба секој оператор сам да го реши. во соработка со операторите од странство. “Такви обиди се направени, но со оглед на тоа дека се работи за бизнис интереси, досега договор не е постигнат”, велат од “Т-Мобиле”.

Според “Оне”, кога корисниците ќе добијат порака дека телефонот им е префрлен на странски оператор, треба веднаш да изберат мануелно мрежа, со нeго ќе се оневозможи автоматско префрлување на друг оператор.

[custom_frame_center]Исклучете Роаминг во Охрид[/custom_frame_center]

Превземено: Вест

Датум на објавата: 05.04.2012

Автор: Т. Јовановска

By | 2012-04-05T04:01:20+00:00 05/04/2012|Телекомуникации|