Нов Обид за Продажба на Меркатор

/, Маркети/Нов Обид за Продажба на Меркатор

Нов Обид за Продажба на Меркатор

Најголемите сопственици на словенечкиот трговски ланец Меркатор, ќе се сретнат после велигденските празници, за да ја договорат новата, деветта продажба на компанијата. Според словенечкиот весник Финанце, овој пат ќе се продава заедничкиот удел на сопствениците на чело со Нова Љубљанска Банка (НЛБ) и Пивоварна Лашко, кој изнесува 52,1%, колку што на инвеститорите им се нудеше на крајот од минатата година.

На конзорциумот продавачи треба да им се приклучат и Уникредит банка и инвестицискиот фонд Алијанц Инвест. Тие поседуваат уште 16% од акциите на Меркатор, со што потенцијалниот инвеститор би се здобил со мнозински удел во компанијата.

[custom_frame_center]Нов обид за продажба на Меркатор[/custom_frame_center]

 

Извор: www.kapital.mk

Датум на објава:

By | 2012-04-11T14:24:49+00:00 11/04/2012|Економија, Маркети|