Во вторникот дојде до неочекувани технички проблеми во мрежата на мобилниот оператор Вип, во рамките на активностите за модернизација и надградување на мрежата.
ОД компанијата известуваат дека техничките проблеми настанати во мрежата во рамките на активностите за модернизација и надградување на мрежата, поради што корисниците почувствуваа одредени тешкотии при воспоставувањето на комуникација и намалени капацитети на мрежата во траење од три часа.
Професионалните екипи на Вип оператор и Ериксон интервенираа брзо, по што овие технички проблеми беа успешно отстранети и се воспостави нормално одвивање на сообраќајот.
„Би сакале да им се извиниме на нашите корисници за овие несакани технички проблеми и се надеваме дека ќе наидеме на разбирање. Вип оператор во континуитет работи на модернизација и надградување на мрежата со цел да обезбеди посовремена и поквалитетна услуга за своите корисници.”, се вели во соопштението што попладнево до своите корисници го упати Вип оператор.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 11.04.2012