Старите закупци на 5 плажи во Охрид и во следните 5 години ќе работат со нив, откако ја понудија вистинската сума на денешното јавно наддавање. За останатите 10 плажи ќе се распише уште еден јавен повик.
Од понудените 15 плажи Транспорт и врски под краткорочен закуп издаде само 5 – две во срцето на стариот Охрид кај рибарската населба Канео и три во близина на Биљанини извори. Со нив и во наредните 5 години ќе стопанисуваат довчерашните закупци. 10.400 евра беше највисоката цена постигната на денешното електронско јавно наддање, а 758 евра-најниската. Капалиштата треба да бидат уредени до почетокот на јуни.
Нити една од плажите на потегот од Горица па се до Пештани не се издаде под закуп бидејќи немало интерес а старите закупци не се пријавија оти не им одговарале критериумите и цената. Транспорт и врски за нив сега пак ќе распише нов јавен повик со истите услови.
Концесионерите кои денеска не сакаа да зборуваат пред камера велат дека 3 дена по првичното објавување на јавниот повик транспорт и врски објави исправка со која скоро сите 15 плажи имаат нови проширени катастарски парцели со двојно поголема површина – вметнувајќи ги тука и паркинзите, зелените површини, патеките што влијаело и врз цената.
Инаку најповолните понудувачи за закуп на плажите можат да постават сервисен пункт од дрво, метал или стакло и тука да се направи шанк туш кабини, санитарни јазли, лежалки но и дрвени палтфоми во езерото и да овозможат слободен влез на плажата. Работно време ќе се дефинира со одлука на Советот на општина Охрид.
httpv://www.youtube.com/watch?v=_oWXbeoVpdc
Превземено: Алфа
Датум на објавата: 18.04.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Росица Голабоска