Саемот на домашни производи утре во Скопје ќе го отворат претседателите на Македонија и на Албанија, Ѓорге Иванов и Бамир Топи, а на форумот, кој е најавен за в сабота, ќе бидат присутни министри од Косово и Црна Гора.
– На економскиот форум најмногу ќе се разговара за трговската соработка и за можноста за економско обединување на регионот. Ќе стане збор и за развојот на надворешната трговија во рамки на мултилатералните и билатералните договори кои ги имаме потпишано – рече министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција.
Ќе се обидеме, додаде, заеднички да направиме и засилена кампања и промоција на земјите од регоинот за да привлечеме директни странски инвестиции и да поттикнеме заеднички настап на трети пазари.
Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи истакна дека двата настана се организираат во рамките на активноста на Комората наречена „Недела на бизнисот“.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.plusinfo.mk
Датум на објава: 19.04.2012