Според анализите на Централниот Регистар на Република Македонија, АДОРА Инженеринг-Скопје е рангирана како 20-та економски најуспешна фирма во Македонија, за 2011 година.
Овој показател, како и фактот што компанијата, секоја година се искачува по неколку места нагоре и секогаш е меѓу Топ 200 најголеми и најуспешни македонски компании, е уште една потврда за нагорниот тренд по кој се движи фирмата, која бележи постојан раст и развој во секторот на високата градба и градежништвото, каде важи за лидер на овие простори.
Во изминатата деценија, АДОРА Инженеринг има изградено повеќе од илјада елитни висококвалитетни станови низ Македонија, во Скопје, Струмица и Охрид, применувајќи ги најновите стандарди за квалитет, енергетска ефикасност и еко градби, кои се тренд во светот. Градежната фирма, што е прогласена за Инвеститор на годината за 2011 и 2010-та година, годинава ќе изгради пет нови станбено-деловни објекти во Ново Лисиче, општина Аеродром, со повеќе од 300 елитни станови.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.taratur.com
Датум на објава: 14.05.2012