Пресс24 веќе објави дека се доделени 2 градежни парцелиз а изградба на луксузни хотели во близина на скопскиот аеродорм Александар Велики.
Според најновите информации кои ги објавува порталот Скопјеинфо, сопственик на едната парцела е албанската фирма Амадеус груп, додека другата парцела ја купил наш повратник од Австралија со фирмата Лид градба.
Цената за првата парцена е 299 денари, додека втората парцела за изградба на хотел е продадена по цена од 133 денари за метар квадратен.
Хотелот на Амадеус груп ќе биде изграден на 6 ката на површина од 7.569 метри квадратни. Хотелот на Лид градба ќе се протега на 16.246 метри квадратни и ќе биде изграден на 6 ката и приуземје.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.press24.mk
Датум на објава: 30.08.2012