PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
31 08, 2012

НЛБ Тутунска Банка со Нова Експозитура кај Соборниот Храм

By | 2012-08-31T05:35:45+00:00 31/08/2012|Банки|

[custom_frame_right][/custom_frame_right] НЛБ Тутунска банка ја прошири деловната мрежа со нова експозитура на бул. „Климент Охридски" број 30 во Скопје. Експозитурата го опслужува сегментот население и правните субјекти. Првите десет штедачи во новата експозитура, како што соопштуваат од банката, ќе добијат бесплатна кредитна картичка Visa Classic или MasterCard Standard, а првите корисници на електронско банкарство за физички лица - НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен - апликација за моб [...]

30 08, 2012

Винер осигурување со пораст на полисираната премија од 35 проценти

By | 2012-08-30T14:00:23+00:00 30/08/2012|Осигурување|

Винер осигурување во првото полугодие од оваа година забележа пораст на полсирана премија од 35 проценти. Како што објави Виена Иншуренс Груп, групацијата на која припаѓа Винер осигурување, остварила приходи од 400 милиони денари. Истовремено, профитот на компанијата, во однос на истиот период од изминатата година е зголемен, унапредени се продажните и постпродажните услуги кон клиентите и е зајакната продажната мрежа. Од Групацијата и Винер најавуваат дека и до крајот на 2012 фокусот ќе остане [...]

30 08, 2012

Албанска компанија и наш гастербајтер од Австралија ќе ги градат хотелите кај Александар Велики

By | 2012-08-30T11:19:38+00:00 30/08/2012|Авиосообраќај, Економија|

Пресс24 веќе објави дека се доделени 2 градежни парцелиз а изградба на луксузни хотели во близина на скопскиот аеродорм Александар Велики. Според најновите информации кои ги објавува порталот Скопјеинфо, сопственик на едната парцела е албанската фирма Амадеус груп, додека другата парцела ја купил наш повратник од Австралија со фирмата Лид градба. Цената за првата парцена е 299 денари, додека втората парцела за изградба на хотел е продадена по цена од 133 денари за метар квадратен. Хотелот на Ама [...]

30 08, 2012

Од 1 Септември Поскапува Лебот

By | 2012-08-30T03:47:51+00:00 30/08/2012|Економија|

Од 1 септември и официјално ќе поскапи лебот иако веќе десетина денови во неколку градови се продава за 5% поскапо. Владата размислува но не нуди мерки за ублажување на ударот од поскапувањата предизвикани од високите цени на нафтените деривати и останатите енергенси. Се крои нова повисока цена на лебот, што ќе значи уште едно ценовно изненадување за граѓаните, по веќе поскапените зејтин, јајца и брашно. Трговците откриваат дека поради скапата струјата и високите цени на горивата дел од домашнит [...]

30 08, 2012

Царината Потпиша Меморандум за Разбирање со Japan Tobacco International

By | 2012-08-30T03:17:40+00:00 30/08/2012|Тутунска Индустрија|

Меморандум за разбирање помеѓу Царинската управа на Македонија и компанијата Japan Tobacco International потпишан е во средата во Скопје. Со овој Меморандум се продолжува  досегашната континуирана и успешна соработка која започна во 2007 година со потпишување на првиот ваков  меморандум, информира Царинската управа. [custom_frame_right][/custom_frame_right] Основна цел за склучување на овој Меморандум е заедничка и координирана соработка во заштитата на легитимната трговија со тутунски производи [...]

30 08, 2012

Државна Лотарија на Македонија со Повеќе Промоции на Пиволенд

By | 2012-08-30T03:08:06+00:00 30/08/2012|Македонија|

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Државна Лотарија на Македонија промотивно ќе биде присутна на овогодинешниот скопски Пиволенд, што во среда навечер стартува на паркинг просторот на Спортскиот Центар „Борис Трајковски". Во текот на петте фестивалски дена, покрај пивото, гурманските задоволства и забавните содржини, за вжештената атмосфера задолжени се и фестивалските бини кои на посетителите ќе им ги претстават најомилените изведувачи од домашната и регионалната музичка сцена. Покрај сите [...]

29 08, 2012

И во Криза Секојдневно Вложуваме Повеќе од 84.700 Евра во Стопанска Банка

By | 2012-08-29T05:42:28+00:00 29/08/2012|Банки|

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Оваа банка во првата половина од годината вложила 94,9 милиони евра во благајнички записи, инструмент со кој Народната банка ја штити вредноста на денарот. Истовремено Стопанска банка дала 52 милиони евра помалку кредити во споредба со лани. Македонските граѓани и компаниите депонирале по 84.707 евра просечно дневно во Стопанска банка Скопје во првите шест месеци годинава, покажуваат официјалните податоци од билансот на состојбата што го објави таа банка. [...]

29 08, 2012

Ако има Фискални, ќе Нема Ценкање на Пазарите

By | 2012-08-29T05:23:10+00:00 29/08/2012|Маркети|

Групацијата за пазари при Стопанската комора на Македонија ќе му предложи на Министерството за економија при носењето на новиот Закон за трговија на зелените пазари да се внесат искуствата од соседните земји, а да се изземат од обврската за регистрација на случајните продавачи кои само десетина дена ги продаваат своите сезонски вишоци на производи на зелените пазари. За утврдување на состојбите на зелените пазари во околните земји како предуслов за креирање на законската рамка во Македонија, раб [...]

29 08, 2012

Претставници на Кемпински во Скопје – Ќе се Гради ли Луксузен Хотел?

By | 2012-08-29T05:14:11+00:00 29/08/2012|Економија, Туризам|

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Дали хотелскиот бренд Кемпински ќе гради хотели во Македонија. Од реномираниот хотелски синџир биле заинтересирани да изградат хотели во Скопје и во Охрид. Нивни претставници се во земјава со цел да ги разгледаат условите за инвестирање по што ќе ја донесат одлуката. Европскиот хотелски бренд Кемпински доаѓа во Македонија. Високи претставници утре и во четврток во Скопје и Охрид ќе ги разгледаат можностите за изградба на луксузни хотели со 5 ѕвезди. Тие ќе [...]

27 08, 2012

Секој Ресторан не Може да Биде Меана

By | 2012-08-27T04:36:11+00:00 27/08/2012|Туризам|

Проширување на листата со угостителски објекти за исхрана со нов објект-национален ресторан-меана, задолжително ангажирање домашен туристички водич од страна на странски тур-оператор кој носи туристи во Македонија, како и категоризација за куќите во руралните средини кои издаваат соби за туристи се дел од новите измени на законите за туристичка и угостителска дејност, со кои се даваат нови можности и поголем квалитет на услугите. Според портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, за да добие уго [...]