Белгиската компанија за производство на автобуси „Ванхол„ ја почнува практичната реализација на најавената инвестиција во Македонија. Премиерот Никола Груевски најави дека до крајот на следната недела ќе почне изградбата на фабриката која ќе отвори 400 нови работни места и ќе го зголеми македонскиот извоз за 100 милиони евра. Тој очекува Македонија повторно да стане голем извозник на автобуси.
Првата тура која „Ванхол,, ја има веќе потпишано е за Америка, односно првите 500 автобуси кои ќе се произведат ќе одат за американскиот пазар и ќе бидат производ од Република Македонија изјави Груевски. Според него добро е тоа што Македонија порано имаше традиција во производството на автобуси, така што белгиската компанија ќе може да најде соодветен кадар, но исто така новата инвестиција ќе биде можност и за младите високообразовни кадри.
За Ванхол ќе биде добро ова затоа што ќе можат да најдат соодветен кадар, а и некои луѓе од ФАС „11 Октомври,, исто така ќе можат да се најдат повторно на некои работни места кои во животот еднаш веќе ги работеле. Се разбира, ова ќе биде добра шанса и за младите високообразовани кадри и за оние со средно образование, така што ќе има работа за сите нагласи Груевски.
Тој потсети дека денеска се потпишува и договорот со компанијата „Дрекслер Маер,,, вреден 30 милиони евра. Според договорот до наредната пролет компанијата ќе ја заврши изградбата на рабриката во Македонија за производство на делови за Мерцедес и ќе вработи 4.000 лица.
Станува збор за инвестиција која директно ќе вработи 4.000 луѓе во кавадаречкиот регион Неготино, Демир Капија, Кавадарци и сите населени места што гравитираат кон овој регион. Ќе има и индиректни вработувања. Според бројот на вработени таа ќе биде рабрика која ќе вработува најмногу луѓе во Македонија најави премиерот Никола Груевски.
Тој потсетува дека оваа инвестиција е резултат на процес кој се води подолг период, а последната средба со оваа компанија ја имале на роуд шоуто во Германија каде организирале и посебна работна средба со раководството на компанијата. На таа средба биле поставени многу прашања за детали со кои тие можеби ќе се судрат во иднина.
Имаат кратки рокови, затоа што имаат потпишано договори за испорака на стоката што треба да ја произведуваат така што се надевам дека наредната пролет веќе ќе бидат готови со рабриката и ќе почнат да вработуваат изјави премиерот Груевски.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Вечер
Датум на објавата: 16.07.2012
Автор: С.Р.