Бензините Поевтинуваат За 3,5 Денари

/, Нафтени деривати/Бензините Поевтинуваат За 3,5 Денари

Бензините Поевтинуваат За 3,5 Денари

Со новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува 72,5 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,50 ден/лит, односно за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 23.04.2012 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени согласно Одлуката од 23.04.2012 година. Така цената на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува  72,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,399 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 23.04.2012 година. Така цената на М-1 НС изнесува  46,703 ден/кг, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

[custom_frame_center]Бензините поевтинуваат за 3,5 денари[/custom_frame_center]

Извор: www.kurir.mk

Датум на објава: 07.05.2012

By | 2012-05-07T14:34:41+00:00 07/05/2012|Економија, Нафтени деривати|