Мобилниот оператор Вип денеска објави дека воведува нови најповолни постпејд тарифни модели за сите кои сакаат да зборуваат со кого сакаат во цела Македонија бесплатно засекогаш.
Со тарифните модели Vip Free S, Vip Free M, Vip Free L, Vip Free XL и Vip Super Free, корисниците добиваат бесплатни разговори кон целата Вип мрежа, но и бесплатни разговори кон сите национални мрежи засекогаш.
Од компанијата информираат дека во рамки на избраниот тарифен модел, постпејд корисниците покрај бесплатните минути во рамки на Вип мрежата, во тарифните модели со месечна претплата од 279, 499, 799, 1499 и 2499 денари, добиваат и бесплатни минути за разговори кон сите национални мрежи.
Во зависност од одбраниот тарифен модел корисниците добиваат од 100 до 3000 бесплатни минути вклучени во претплатата кои можат да ги искористат за разговори кон сите национални мрежи, без оглед на тоа дали вртат во мрежата на Вип или кон останатите фиксни и мобилни мрежи во Македонија.
„Со новите “Free” постпејд тарифни модели, корисниците на Вип можат да зборуваат со кого сакаат бесплатно засекогаш. Тие не треба да се мислат или да се грижат за тоа која мрежа ја повикуваат. На пример Vip Free L вклучува 1000 бесплатни минути месечно кон сите мрежи за само 799 денари“, изјави Флориан Нидерсус, Главен маркетинг директор на Вип.
Деловните корисници кои својот број го пренесуваат од друга мрежа во мрежата на Вип, добиваат и дополнителни 20% попуст на месечна претплата.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 14.03.2012