Вип оператор лансира нов промотивен тарифен модел наменет за деловните корисници. Станува збор за тарифа со вклучени неограничени бесплатни минути за разговор и неограничен број на бесплатни СМС-пораки кон сите мрежи во земјава. Покрај ова, во рамки на новиот тарифен модел наречен Vip Free NoLimit biznis корисниците добиваат и неограничен интернет, од кој првите 10 гигабајти со 3Г брзини, како и дополнителни 200 бесплатни минути за меѓународни разговори со деловни партнери во странство.
Сите овие поволности во рамки на новиот бизнис тарифен модел се достапни за месечна претплата од 3.499 денари (со вклучен ДДВ) што претставува максималниот износ што корисникот ќе го плати за целокупната неограничена комуникација во Македонија.
– Успешниот бизнис не познава препреки, лимити и непредвидливи трошоци. Истовремено, неговиот успех зависи од квалитетната и брза информација и комуникација. Новиот Vip Free NoLimit biznis тарифен модел на Вип е вистински одговор на овие очекувања – изјави Флориан Шварц, раководител на одделот за продукт маркетинг во Вип оператор.
Атрактивноста на новата понуда на Вип се зголемува и со дополнителните попусти кои се добиваат на месечна претплата. Имено, со склучување на договор во времетраење од 24 месеци бизнис-корисниците добиваат 20% попуст на месечната претплата за секој пост-пејд број кој заедно со префиксот ќе го пренесат во Вип, додека за сите нови претплатнички пост-пејд броеви со Вип префикс, бизнис-корисниците добиваат 10% попуст на месечната претплата.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.vecer.com.mk
Датум на објавата: 13.10.2012