Без Нов Телевизор Нема Гледање Телевизија

//Без Нов Телевизор Нема Гледање Телевизија

Без Нов Телевизор Нема Гледање Телевизија

15% од населението гледа ТВ преку обични антени. За дел од нив, или околу 50 илјади ресивери владата ќе додели бесплатно на социјално загрозените семејства.

Граѓаните кои планираат да купат нов телевизор да побараат од продавачот да им понуди телевизор кој поддржува дигитален сигнал. Оние пак кои немаат средства да купат нов телевизор владата ќе додели околу 50 илјади дигитални рисивери за социјално загрозените.

Ова се препораките на СРД и експертите на 11 месеци до исклучување на аналогниот сигнал по што телевизијата ке биде целосно дигитализирана.

Според истражувањето на СРД 65% од граѓаните имаат антени од старите телевизори.

СРД од есенва ќе започне јавна кампања за да им ја доближи дигитализацијата на граѓаните.

-Оваа кампања меѓу останатото ќе вклучи дистрибуција на информативни летоци меѓу населението и на местата каде што се продава техничка стока ќе биде изработен и анимиран спот кој што ќе се емитува на телевизиите , ќе бидат организирани јавни презентации, а ќе се обидеме да мотивираме и волонтери од граѓанскиот сектор кои што на постарите лица и на ранливите категории на граѓани ќе им помогнат околу поставувањето на опремата за прием на дигиталниот сигнал – вели Трајчевски.

-Препорачаме на граѓаните ако сега веќе купуваат телевизори да побараат кај нивните продавачи да тоа бидат телевизори кои што поддржуваат ДВБТ стандард меѓутоа значи којшто поддржува Мп4 комперсија, значи тоа е стандардот кој што е усвоен и на кој што ќе се префрли Македонија од јуни – јули наредната година – вели деканот на ФИНКИ.

Според истражувањето на СРД за поголем дел од граѓаните безболно кеј биде преминувањето од аналогна во дигитална телевизија затоа што вкупно 85% користат на кабловска, сателитска, дигитална или интернет ТВ-ја. Останатите 15% следат ТВ преку обични антени и се претежно во руралните средини. Оние кои нема да купат нов телевизор ќе им биде доделен дигитален ресивер. Цената на еден ресивер изнесува 10 долари-велат од СРД.

Првите луѓе на Советот за радиодифузија и ФИНКИ денеска потпишаа меморандум за соработка околу воведувањето на дигиталната ТВ-ја. По први јуни 2013-та покрај поквалитетната ТВ-ја со ослободување на фреквенциите од аналогниот сигнал ќе се овозможи користење на 4-та генерација мобилни телефони 4 џи – вели Трајчевски.

httpv://www.youtube.com/watch?v=7hxwaDeps9U

Превземено: Канал 5

Датум на објавата: 04.07.2012

Термин: 18.30 часот

Автор: Елена Ивановска

By | 2012-07-05T07:05:06+00:00 05/07/2012|Телекомуникации|