“Близу” Воведува Специјални Пакети за Студенти

//“Близу” Воведува Специјални Пакети за Студенти

“Близу” Воведува Специјални Пакети за Студенти

Пред почетокот на студентската година, телекомуникацискиот оператор „Близу„ воведе нови пакети, наменети исклучиво за студентската популација во Македонија. Сите студенти, кои уредно имаат заверено семестар на својот универзитет, ќе можат да станат корисници на супер брзиот интернет со брзина до 10 мегабити во секунда и 200 гигабајти трансфер за само 599 денари месечно.

Оние студенти, пак, коишто сакаат да ја додадат услугата аналогна телевизија на овој пакет, дополнително треба да доплатат само 100 денари. Исто така, со овие пакети, во одредени реони може да се добие и бесплатна фиксна телефонија, со вклучени неограничени разговори во мрежата на „Близу”. Договорите и за двата пакета се на 10 месеци  соодветни на студентската година во Република Македонија.

Овие пакети се достапни за сите студенти на државниот универзитет, како и од сите приватни универзитети во градовите каде „Близу„ има мрежна покриеност.

[custom_frame_center]"Близу" Воведува Специјални Пакети за Студенти[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 16.08.2012

By | 2012-08-16T13:49:12+00:00 16/08/2012|Телекомуникации|